Centar.mk: Во Преспанското Езеро рибари пронашле тело на жена

0
290

Вчера во Преспанското Езеро од страна на рибари било пронајдено тело на жена, дознава Centar.mk

Според неофицијални информации телото било извлечено околу 21 часот на копно.

Centar.mk дознава дека засега нема информации за идентитетот на пронајденото лице и причината за настапување на смртта.

Телото е предадено на обдукција, а повеќе детали се очекуваа за во текот на денешниот ден.

Извор: Centar.mk