Српската пејачка Јелена Карлеуша (44) прошета по модната писта во Белград на ревијата на познатиот бренд за чевли, Стив Маден.
Никој не знаеше и не очекуваше дека Јелена ќе се појави на ревијата, а потоа излезе од огромен чевел и по пистата прошета во розов комбинезон и чевли во иста боја, со букет цвеќе.
Чевелот од кој излегла Јелена чинел дури 8.000 евра или 60.000 куни, пишува Телеграф.рс.
Како и обично, Карлеуша го привлече вниманието на сите на ревијата, а судејќи по микрофонот што го имаше покрај лицето, пејачката настапи на пистата.
24sata.hr