Елбасан-тава: Вкус од Албанија што им пркоси на вековите

0
575

Елбасан-тава, едно од традиционалните јадења во Албанија, со векови продолжува да ги краси софрите.  Традиционалното јадење што го добило името по самиот град Елбасан, што се наоѓа во централниот дел на земјата, се готви и надвор од границите на Албанија.

Јадењето што се прави со јагнешко или козјо месо се става во рерната откако најпрвин ќе се додаде сол и масло. Откако месото ќе се испече се чека да се олади. Потоа се подготвува смеса што се состои од јајца, брашно и јогурт. На крајот месото и смесата се ставаат во земјена тава, а потоа во рерна за да се испечат.

Муса Курмаку (59) од Елбасан, еден од мајсторите за Елбасан-тава, за Агенција Анадолија (AA) зборуваше за традицијата на јадењето во неговото семејство и за интересот на посетителите што доаѓаат во неговиот ресторан.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (AA)