Почина Божидар Маслинков, поранешен ректор на битолскиот универзитет

0
566

По кусо боледување денеска почина Проф. Д-р Божидар Маслинков, поранешен ректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола.

Маслинков роден е на 18.12.1943 во Битола. По гимназиското образование се запишува на Природно – математичкиот факултет – Скопје (1966).

Mагистрира на Хемиско – технолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (1983).

Докторира на Хемиско – технолошкиот факултет во Загреб (1992).

Неговата наставно – педагошката активност започнува во 1969. Избран за надворешен соработник на Педагошката академија во Битола, подоцна како професор на Вишата земјоделска школа и Вишата медицинска школа (1969).

Избран за вонреден професор на Факултетот за учители и воспитувачи (1995).

Избран е за ректор на Универзитетот Св. Климент Охридски (1999 – 2003). Има објавено повеќе од 20 трудови во Македонија и странство.