Честитка по повод Денот на независноста упати Министерството за надворешни работи на Грција преку официјалниот „Твитер” профил, изразувајќи „најдобри желби до народот и Владата”, јави дописничката на МИА од Атина.
-Грција им честита и ги изразува своите најдобри желби до народот и Владата на Cеверна Македонија бидејќи денеска го слават нивниот Ден на независноста!, напишаа од грчкото МНР.
Паралелно, заедно со твитот, објавија и фотографија со македонското знаме и пораката: „Честит Ден на Независноста, Cеверна Македонија!”.
извор:МИА, TWITTER