Цените растат, животниот стандард опаѓа, девизните резерви се намалуваат. Вака накусо можат да се опишат последиците од економската криза која испорача инфлација каква што не се памети во изминатите три децении. Или, инфлацијата галопирачки расте нагоре и во април достигна 10,5%, највисоко ниво во последниве 28 години, објави DW.
Граѓаните одамна не паметат двоцифрени стапки на пораст на трошоците на живот, па загриженоста очекувано драстично се зголеми.
Трендот на поскапување започна уште со пандемијата, а вистинскиот шок следуваше со војната во Украина и енергетската криза. За колку конкретно отсликува последниот податок за месечната потрошувачка кошничка која ја пресметува синдикатот. Таа достигна 38.000 денари, а за да се наполни нема да бидат доволни ниту две минимални плати од по 18 илјади денари, кои неодамна се зголемија за по 3.000 денари.
Експертите сметаат дека креаторите на даночните политики треба да внимаваат борејќи се со инфлацијата, дополнително да не удрат врз економскиот раст. Дел од нив стравуваат од неповолни ефекти врз реалниот сектор. Посебно оние кои што најмногу го полнат буџетот и го поттикнуваат економскиот раст. Универзитетскиот професор Зоран Ивановски предупредува дека никако не смее да се размислува за потези, од типот на зголемување на давачките и даноците. Тој стравува и од т.н. стагфлација (негативна стапка на раст на бруто домашниот производ) која може да предизвика дополнителни проблеми во економијата. Затоа и тој како Трпески советува властите да избегнуваат популизам во мерките кои ги преземаат и да не поттикнуваат амбиент во стопанството во кој доминира зависноста од владини субвенции и помош:
„Опасноста од стагфлација за мене е реална. Поради тоа сметам оти е јасно дека мерките на владата мора да бидат насочени кон поддршка на реалните инвестиции и тоа оние кои што носат раст и развој, односно обезбедуваат подинамичен раст на економијата“, укажува Ивановски.
Она што создава дополнителни грижи за стопанствениците но и за граѓаните е најавата, или очекувањата за раст на кредитите. Нагорната корекција на основната каматна стапка сигурно дека ќе повлече зголемување на каматните стапки за кредитите. Но за колку и од кога, засега никој не сака да коментира ништо. Ниту од деловните банки, ниту пак експертската јавност.
Текстот во целост на : DW.