„Јас сум единствениот 60-годишник во Македонија што јавно ја искажува љубовтa кон саканата, мислам дека со тоа ги освоив организаторите и ја добив наградата Маж на годината од организаторите“, изјави Игор Џамбазов и додаде: „Ќе ја злоупотребам говорницава во име на тоа: Илина Арсова, љубов моја, те сакам.“
Вчеравечер (30.11) се одржа 5-тото јубилејно издание на изборот на „Мажи на годината“ каде наградата „Маж на годината избран од страна на организаторите“ ја доби Игор Џамбазов.
Тој на сцената имаше шеговито, но и емотивно обраќање и наброја со што сè ја заслужил оваа награда во текот на 2022 година.
„Ми велат награда „Маж на годината“ и веднаш правам листа да видам дали сум ја заслужил.
Нова сезона на најгледаната хит серија „Преспав“, квизот „20 секунди“ на МТВ, еколошката серија „Агенда 21“ со Весна Петрушевска, ја завршив седмата книга, во моментот играм и режирам претстава, која ќе игра во февруари, истава година ја добив наградата која го носи името на мојот дедо Петре Прличко, потоа го завршив мојот најдолг музички албум се вика „30 години Игор Џамбазов и Гуру Харе“, го загубив мојот најдобар пријател Сашо Пижевски Пиже, го загубив мојот машки родител Александар Џамбазов, значи навистина има еден маж на година тука.
Но, исто така што мислам дека им се допадна на организаторите, бидејќи јас сум нели во таа категорија, е што јас сум единствениот 60-годишник во Македонија што јавно ја искажува својата љубов кон саканата.
Помладиве нешто се многу јаки во инбокс, а кога ќе застанат очи во очи не знаат да бекнат. Значи не се плашете да ги искажувате своите чувства, особено кон жените и ќе ја злоупотребам говорницава во име на тоа: „Илина Арсова, љубов моја, те сакам.“
Потоа и Илина сподели фотографии од него на Инстаграм и напиша: „Љубов моја нека се множат, заслужени се, те сакам. Честито на мојот маж на годината.“
crnobelo.mk