Алити: Немаме разговори со Алијанса за Албанците за нивен влез во Владата, важно е реформите да течат

Немаме разговори со Алијанса за Албанците. Сите дискусии кои се водат се шпекулации, а јас и Министерството не се занимаваме со тоа. Важно е реформите да течат – изјави министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, кој е дел од владиниот кабинет од редовите на Алтернатива, одговорајќи на новинарско прашање дали за нив е прифатлив влезот на Алијанса за Албанците во Владата и дали се водат разговори за поделба на ресори.

Алити напомена дека сите вести и дискусии поврзани со оваа тема се шпекулации. Како што рече, важно е реформите да течат, дури и на неговото место да треба да дојде нов министер.

Сите овие вести и дискусии сега за сега се шпекулации, но јас и МИОА не се занимаваме со тоа. Дури и за месец дена да треба да дојде нов министер, ние ќе се обидеме до последен ден работата да ја извршуваме најпрофесионално што можеме. Не е важно кој ќе биде министер, важно е реформите да течат, односно да одиме напред – изјави Алити пред почетокот на јавната расправа за Нацрт верзијата од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030.

 

Извор: Република