Трајковски зад себе ја остави сопругата Вилма и децата Сара и Стефан кои сега ретко се појавуваат во јавноста.
Тогаш Стефан и Сара, двете деца кои ги имаа со сопругата Вилма, беа малолетни и не беа многу присутни во јавноста.
Особено по неговото заминување, Вилма со децата уште толку се повлекоа од медиумите и никој не знаеше многу за нивниот животен пат, ниту пак како изгледаат пораснатите деца на некогашниот претседател.
Јавноста можеше да ги види единствено кога се оддржуваа годишнини од загубата на Борис Трајковски.
Сара беше тинејџерки, а Стефан дете во 2004 година. Сара денеска живее во Њујорк, и студираше на Универизетот на Greenwich.
Таа на Фејсбук објавува фотографии од дружењата со пријателите, како и од патувањата низ Америка и летните одмори.
Сара присуствува и на многу спотски натпревари, и по фотографиите се гледа дека е убава, среќна и успешна девојка.
Една фотографија е посебно емотивна од нејзиниот Фејсбук профил, и таа е црно-бела.
Сара е фотографирана до слика од татко ѝ, и на неа со еден збор раскажува што е она што го населила од него. „Го наследив од татко ми. Интегритетот и сè“, напиша Сара до сликата.
Сара ретко објавува фотографии на својот Фејсбук профил, а на една од последните кои ги објавила го има логото на Обединетите нации, а таа до оваа слика напишала:
– Прави го она што го сакаш, и ниту еден ден во животот нема да работиш“, стои во описот на фотографијата на Сара Трајковска.
ex-yu.club