(ФОТО) Лејди Гага „слезе“ од високите потпетици, ги замени во практична комбинација

0
298

Познатата пејачка Лејди Гага често е во центарот на медиумското внимание не само поради одличната музика, туку и поради нејзиниот по малку ексцентричен и необичен начин на облекување.

Ретко имаме можност да ја видиме во „обични“ изданија, а таа неодамна облече едно од нив и покажа дека може да биде како сите други девојки.

Таа е фотографирана додека пристигнува во музичко студио во Западен Холивуд. Триесет и шестгодишната пејачка излезе од својата лимузина и во таа прилика го привлече вниманието на сите со својот необичен деловен стил.

Таа со нејзините црни фармерки скинати до колена имаше и црни мокасини кои се ултра модерни оваа есенска сезона.

Добитничката на Греми носеше бела маичка со тркалезно деколте, а над неа модерна карирана блејзер-јакна во која изгледаше опуштено и модерно.

Нејзината платинеста руса коса беше собрана во лесна пунџа. Својот изглед го комплетираше со природна шминка и пар темни очила за сонце.

Со ова таа покажа дека може да биде многу заводлива, секси и ексцентрична, но кога е потребно знае да биде опуштена, природна и – преслатка.

popara.mk