Хакерски напад врз администрацијата на нуклеарната централа во Бушер

0
221

Иранската Агенција за атомска енергија соопшти дека хакери во име на странска држава упаднале во мрежата на компанијата која управува со нуклеарната централа.

За хакерскиот напад одговорноста ја презеде анонимната хакерска група, која себеси се нарекува „Црна награда“ и бара Техеран да ги ослободи политичките затвореници уапсени за време на протестите низ целата земја.

Хакерската група соопшти дека има 50 гигабајти внатрешни мејлови, договори и градежни планови поврзани со иранската нуклеарна централа во Бушер, која е поддржана од Русија.

Хакерскиот напад доаѓа во време кога Иран се соочува со немири низ целата земја предизвикани од смртта на Махса Амини, која беше приведена на 16 септември поради наводно непочитување на строгиот исламски кодекс на облекување.

Иранската агенција за нуклеарна енергија соопшти дека хакерите упаднале во системот за електронска пошта што го користи компанијата, која управува со единствената нуклеарна централа во земјата во јужниот пристанишен град Бушер.

 

mkd.mk