Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за порталот А1 ОН уште еднаш го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека не поддржуваат уставни измени и внесување на Бугарите во него, доколку не се добијат цврсти гаранции од страна на Европската Унија за македонскиот идентитет во кој што е содржан јазикот и за тоа дека билатералните прашања нема веќе да бидат можност за ново вето се додека Македонија не стане членка на ЕУ.
Под овие околности и под овие услови ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа. А, јас сум кажал уште во февруари месец оваа година, потребни се гаранции и тоа две суштински гаранции се битни, за нашиот македонски идентитет во кој што е содржан јазикот и за тоа кое што цело време не убедуваа дека билатералните прашања нема веќе да бидат можност за некој да стави вето се додека Македонија не стане членка на Европската Унија.
На прашањето дали знае дали некоја друга земја, која има добиено вакви писмени гаранции, Мицкоски истакна дека не познава друга европска земја освен Македонија која што во преговарачката рамка има содржано билатерален договор, и како што потенцираше бидејќи ние сме посебен случај тогаш посебно и ќе се однесуваме.
Јас не знам друга европска земја во која што во преговарачката рамка има билатерални договори, која што е дел од Европската Унија, е бидејќи ние сме посебен случај тогаш посебно и ќе се однесуваме, дециден е Мицкоски.
извор: ВМРО ДПМНЕ