Денеска (28.10.2022) во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адресa на едно училиште во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажна пријава. Превентивно се евакуирани и други училишта во Скопје и во тек се детални проверки и на овие објекти.
извор: МВР