Три лица се повредени во сообраќајна несреќа кај Ѓавато

0
311

Три лица се повредени во сообраќајка кај Ѓавато.

Во СВР Битола вчера во 14:27 часот било пријавено дека на регионалниот пат Ѓавато – Тополчани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(20) од Прилеп и патничко моторно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Љ.(67) село Славеј, општина Кривогаштани, соопшти полицијата.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.К.(57) од Прилеп, сопатничка во возилото „цитроен“, додека со телесни повреди се здобил возачот Д.Љ., констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

извор: МВР