Љутков: Изложбата „105 години Требеништа“ е пример за меѓусоседска соработка од значење за регионот и Европа

0
30

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Софија оствари билатерална средба со министерот за култура на Бугарија, Најден Тодоров.
Министерот Љутков ја истакна подготвеноста на нашата држава да ги продолжи дијалогот и соработката со Република Бугарија, а културната дипломатија е инструмент за еманципација на културата во надворешната политика преку која може да се реализираат долгорочни цели, како и интензивна соработка, промоција и одржлив развој на односите со другите држави.

На средбата тој изрази задоволство од реализацијата на изложбата „105 години Требеништа“, која е пример за меѓусоседска соработка од значење за регионот и за Европа.

Оваа изложба беше надоврзување на неколкугодишната соработка меѓу Националниот археолошки институт со музеј при БАН од Софија, Народниот музеј на Србија од Белград, Археолошкиот музеј на Република Македонија од Скопје и Заводот и музеј од Охрид.

Досега изложбата беше претставена во Скопје и во Софија, а во 2025 година ќе биде отворена во Белград.