Тошковски со детали за вчерашната акција – Епски криминал во Струмица, 4 лица задржани во полиција

Согласно информациите кои што ги добив, 4 лица беа задржани во полициска станица – рече Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешната посета на Охрид.

Вчерашната акција беше доста опсежна и обемна на повеќе од десетина локации на територија на Македонија. Постапувавме координирано со Обвинителството за гонење на организиран криминал по наредба на судија на претходна постапка како и заедно со останати државни институции како УЈП, Министерство за Финансии и Царина. Ова е еден од предметите кои што слободно можам да кажам дека има основани сомненија дека станува збор за епски криминал кој за жал повторно е на штета на буџетот на Македонија односно на парите на народот. Првичните информации се дека станува збор за милионски суми кои што се последица на неколку кривични дела, даночно затајување, даночна измама и перење пари. Во интерес на целокупната постапка не би можел да навлегувам во детали, почитувам пресумпција на невиност – рече Тошковски.