Планетата ја чекаат катаклизмични настани и масовно изумирање на живи суштества

Климатските модели потврдуваат дека не очекуваат катаклизмични настани кои ќе доведат до масовно изумирање на живи суштества. Tакви настани не се нешто ново, но човековата активност и загревањето на планетата може да доведе до такви настани и порано отколку што се очекуваше.

Научниците детално следат што се случува со климата и со различни модели се обидуваат да предвидат што не очекува во иднина. Но, последниот климатски модел од кој што дојдоа научниците укажува на тоа дека во скора иднина би можеле да се случат катаклизмични настани кои ќе влијаат на целиот живот на планатета.

Во студијата која ја објави климатскиот научник од јапонскиот универзитет Тохоко во списанието Biogeosciences, тој ги анализирање моделите на масовно изумирање во историјата на Земјата, кои досега се случиле неколкупати. Се работи за настани кои честопати следувале после значајни климатски промени (екстремно загревање или екстремно ладење), а кои обилно поттикнале удари на астероиди или вулканска активност.

Кога Каихо се обидел да ја пресмета стабилноста на просечната температура на земјината провршина и биоразновидноста на нашата планета, открил неочекуван линеарен ефект. Колку е поголема промената на температурата, толку е поголема стапката на изумирање. Во случај на глобално ладење изумираат најмногу живи суштества ако температурата падне за седум степени. Од друга страна, во случај на глобално загревање исто е сценариот ако температурата порасне за околу девет степени. Како што истакнува Каихо, тоа е многу повеќе од претходните проценки кои сугерираа дека порастот на температурата за 5,2 целзиусови степени резултира со масовен помор на морски животни. За споредба, според моменталните податоци до крајот на ова столетие површинската температура би можела да порасне за повеќе од четири степени.

Каихо има и добри вести. Глобалното загревање кое би предизвикало масовен помор не би требало да се случи барем до 2500 година. Но, тоа не значи дека човештвото може безгрижно да ја загрева Земјата со своите активности. За разлика од последното масовно изумирање, кое се случило пред околу 250 милиони години, денешното загревање се одвива во многу краток временски опсег. Затои Каихо предупредува дека масовно изумирање може да се случи затоа што живите суштества едноставно нема да можат бргу да се прилагодат на промените.

(Biogeosciences)