(ФОТО) Мицкоски: Иста влада, исти луѓе со исти манипулации. Многу криминал, корупција и лаги… Каква е вистината?

0
220

ФБ објава на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Истата ја пренесуваме во целост:

Иста влада, исти луѓе со исти манипулации. Многу криминал, корупција и лаги…
Каква е вистината?
Во 2021 година го најавија буџетот за 2022 година со зборовите, “златното правило” во јавните финансии (слика 1) и најавија за 2022 година рекордни околу 38 милијарди денари капитални инвестиции за да потоа со ребалансот ги намалат на “хартија” рекордните 38 милијарди на 32 милијарди денари. Заклучно со 31ви Октомври 2022 година реализацијата на капиталните инвестиции е околу 14 милијарди денари (слика 2). Од рекордните, па намалени до реализираните недостасуваат 18 милијарди денари капитални инвестиции.
Денес повторно истата реторика со истите зборови, “златното правило” – капиталните расходи (слика 3) и најава на нов рекорд на хартија за буџетот во 2023 година.
Не престануваат со лагите, зарем лагите, манипулациите и неспособноста се европска вредност, за ова треба лидерска средба. Доаѓа денот за одговорност!!!

извор: ФБ Христијан Мицкоски