Амбасадорот Метју Лосон се сретна со претставници од Комисија за спречување и заштита од дискриминација да разговара за нивната неодамнешна студиска посета на Обединетото Кралство, што научиле и како тоа искуство ќе им помогне да ги преземат неопходните активности за подобрување на работата на нивната организација, се вели во објавата на ФБ од Британската амбасада во Македонија.
Во објавата од амбасадата додаваат:
-Членовите на Комисијата го споделија своето искуство од патувањето, научените лекции и нивната мотивација да продолжат да ја градат својата организација и да ја водат борбата против дискриминацијата од секаков вид во Северна Македонија.
– Еднаквоста и недискриминацијата се основни принципи на меѓународното право за човекови права. Секој има право да ги ужива сите човекови права, вклучително и правото да биде третиран како еднаков пред законот и правото да биде заштитен од дискриминација по различни основи, како во приватниот така и во професионалниот живот.
– За да помогнеме да се постигне ова, Британската амбасада ја препознава важноста од поддршката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација да стане независна институција каде што жртвите на дискриминација ќе можат да се чувствуваат сигурни за да побараат совет и доколку е потребно, заштита.
извор: British Embassy Skopje