„Поплави, влага, протечени цевки, стаорци, гадотии, зарази, инфекции! Состојбата во Стив не само што не се подобрува, туку пропаѓа!“
На оваа состојба укажуваат студентите, во видео на профилот на Инстаграм Студентаријамк.
„Постојат ли државни институции кои во видеото препознаваат потреба од итна реакција? Постои ли Државен санитарен и здравствен инспекторат? Постои ли Министерство за образование и наука? Постои ли Државен студентски дом – Скопје под чија надлежност е хороров? Постојат ли европски субјекти во земјава кои ја известуваат ЕУ за положбата на студентите? Како воопшто е дозволено да се живее во вакви услови? Итна реакција и санација на проблемите!“, пишувааат студентите во постот.
View this post on Instagram
видео: Инстраграм studentarijamk