Голем пожар избувна во околината на Прешево, во непосредна близина на автопатот Е-75, меѓу стариот пат Бујановац – Прешево, гори речиси два часа.
https://www.youtube.com/watch?v=yBhBd8-wSmU&feature=emb_title&ab_channel=EUTopNews
Противпожарните екипи со часови се борат со пожарот, а хеликоптер чека да се обиде да го изгаси пожарот од воздух.
Под закана е зимзелената шума, популарно место за излет на жителите. Како што дознава српски Курир, Координативното тело за Прешево, Бујановац и Медвеѓа е во постојан контакт со МУП и состојбата се следи.
Пожарот кој зафати поголема површина и густиот чад се видливи од автопатот и од граничниот премин Прешево- Табановце.
видео: PRTSC EU Top News