Две деца во Шпанија починаа од мистериозен хепатит

Во Шпанија за првпат починаа 2 деца поради вирусот на хепатитис (воспаление на црниот дроб) од непознато потекло, кој почна да се шири во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека во земјата се откриени 46 случаи на хепатитис од непознато потекло.

Во соопштението се наведува дека во јуни починало 15-месечно бебе на кое му била извршена трансплантација на црн дроб, а во јули починало шестгодишно дете поради вирусот на хепатитис од непознато потекло.

Шпанија соопшти дека почнала внимателно да ја следи ситуацијата откако Велика Британија ја предупреди Светската здравствена организација (СЗО) со ненадејното зголемување на случаите.

СЗО соопшти дека до 8 јули имало вкупно 1.010 случаи на хепатитис во 35 земји, а 22 деца починале поради вирусот.

Вирусот на хепатитис од непознато потекло се појави во Велика Британија во април и за кратко време се прошири во многу земји. Забележан е кај деца на возраст од 1 месец до 16 години.

Вирусот има симптоми како што се жолтица, дијареа, повраќање и болки во стомакот.

Властите досега се фокусираа на можноста случаите на хепатитис да се предизвикани од Аденовирус или Ковид-19.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).