(ВИДЕО) Украинците на Евровизија победија со крадена песна од Аца Лукас? Лукас вели: Победивме а не ни отидовме

0
418

Песната со која Украина победи на Евровизија е крадена песна од Аца Лукас, објавуваат српските медиуми.Поточно, станува збор за нумерата „Соба за плачење“ која Лукас ја објави во 1996 година.

Песната е авторско дело на Лукас и сопругот на Марина Туцаковиќ, Фута.

Лукас вели дека нема дилеми дека е неговата песна.

-Победивме а не ни отидовме. Сите се покрадоа бидејќи победи песната која ја испеав уште пред 20 години.

Слушнете ги двете нумери и проценете.

фото: PRTS Eurovizion