ВМРО ДПМНЕ: Ако падне Талат Џафери паѓа владата, затоа Ковачевски прави будала од себе и не смее да го осуди дивеењето во собрание

Ако падне Талат Џафери паѓа владата, затоа Ковачевски прави будала од себе и не смее да го осуди дивеењето во собрание.
Ковачевски е толку уплашен од Џафери што вчера мораше да гледа и фудбал со него, само за да покаже пред јавноста дека стои зад Џафери, и да го понесе срамот врз себе, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото од партијата додаваат:

До кога Ковачевски ќе продолжи да прави будала од себе за да не му излезе ДУИ од влада?

Сите го слушнаа Талат Џафери како пцуе вработени во собранието и врши мобинг врз нив, само Ковачевски едвај чека јавноста да заборава на случајот, за да не мора да го осуди Џафери и да не му се налути ДУИ.

Ковачевски само за да остане на власт е спремен да премолчи се, па дури и малтретирањето на вработените во собранието од страна на Џафери.

Ковачевски е спремен на се, па дури и да се слика со примитивецот од Форино, додека цела јавност се згрозува, само да поседи уште некој ден во фотелјата во влада.

Ковачевски е срам за државата исто колку и Џафери, затоа што за власт е спремен да жртвува десетина човечки судбини и да ги остави луѓето да бидат шиканирани од Џафери.

фото: Архива