(ВИДЕО) Фатален скок за холандскиот фудбалер Ламрабат – загина пред очите на своето семејство

0
339

Поранешниот професионален холандски фудбалер Мурад Ламрабат, го загуби животот за време на неговото летување во Шпанија. каде бил со своето семејство. Триесетиедно годишниот Ламрабат починал во несреќен случај, по скок во море од карпа висока 35 метри.

На социјалните мрежи се појави видео од кобниот скок, кое го снимила неговата сопруга. Мурад лошо ја проценил длабочината на водата, како и опасноста од острите карпи. Неговиот скок во вода во Мајорка заврши фатално. Аутопсијата покажала дека несреќниот холандски турист починал како последица на давање во водата, додека бил во полусвесна состојба.

фото: PRTSC