Трипуновски: Заради неспособноста на власта нашите сограѓани купуваат 100% поскап леб,брашно и зејтин

0
300

Почитувани, најнапред да ви се извинам што на овој голем Христијански празник зборуваме за политика наместо за љубов, разбирање и соживот, но не можам да не ја искоментирам на денешната парада од прес конференција на СДСМ, напиша на својот ФБ профил Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Очекував дека денешната прес конференција ќе биде со сет на мерки за ублажување на ценовниот шок на основните прехрамбени производи наместо повици кои реализацијата ќе биде крајот на 2023 год. и нема да допринесат за подобрување на катастрофалната ситуација во земјоделството.

Почитувани елитисти од СДСМзаради вашата неспособност, некадарност и бркање проценти од тендери денес нашите сограѓани јадат леб, масло, брашно поскапи за над 100%.Наместо да работите на стопирање на инфлацијата која од ден на ден вртоглаво расте, Вие си терате чист популизам и лична промоција!