А1, адвокатска канцеларија и нотарска канцеларија вршат незаконска присилна наплата на некакви процесни трошоци кај поранешни корисници?

Мобилниот оператор А1, заедно со адвокатска канцеларија и нотарска канцеларија вршат незаконска присилна наплата на некакви процесни трошоци кај поранешни корисници на услугите на мобилниот оператор.

Имено, според документацијата која е доставена до редакцијата на Вечер.мк, корисничка на услугите на А1 пред повеќе од 5 години го раскинува договорот со операторот, а за да може да го раскине договорот – мора да бидат платени сите сметки, книжени и непрокнижени.

Така и е направено, при што дадена и е потврда дека платено е се кон А1.

Во 2019 година, стигнува налог за присилна наплата од истото адвокатско друштво, истиот нотар и  истиот оператор А1, за некакви процесни трошоци кон нив и присилната наплата е извршена.

Три години подоцна, повторно стигнува налог за присилна наплата, повторно за некакви процесни трошоци кон А1, истата адвокатска канцеларија, истиот нотар.

Напоменуваме, дека при раскинување на договорот со мобилниот оператор А1, платени се сите прокнижени и непрокнижени сметки, за што на поранешната корисничка и е издадена потврда.

Доколку и вие сте жртва на ваква незаконска наплата од мобилните оператори пишете ни – ќе објавиме, пишува Вечер.мк. 

извор: Вечер.мк.