ВМРО ДПМНЕ: СДСМ дојде на власт со ветување за 100.000 денари плата за лекарите, а таа не е ниту 50.000 денари

СДСМ дојде на власт со ветување за 100.000 денари плата за лекарите, а таа не е ниту 50.000 денари. СДСМ не само што не ги покачи платите на лекарите, туку и секој месец се повеќе лекари и медицински персонал си заминува од Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Прво што направи СДСМ кога дојдоа на власт е напуштање на проектот за клинички центар во Скопје, со кој Македонија ќе имаше модерен клинички за 120 милиони евра со обезбедени финансии и проект.

Клиничката болница во Штип е запрена со изградба, а нема инвестиција во ниту една болница низ државата.

СДСМ не направи ништо за здравството. СДСМ ќе остане запаметен само по матните тендери, провизиите од вакцини, крвавите тендери, недостатокот на инсулин и рекетот на Ден Дончев.