(ВИДЕО) Невреме и во Кавадарци, поројни дождови предизвикаа поплави

Силно невреме со пороен дожд и грмежи вчера го зафати и регионот на Кавадарци. Страшни видео снимки се споделуваат по социјалните мрежи од поројните дождови кои предизвикаа и поплави во подрумските простории на станбени но и деловни простории.

Врнежите предизвикаа и проблеми во сообраќајот поради тоа што беа поплавени дел од сообраќајниците.

Проблеми беа регистрирани и со граскиот одвод.

видео: Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер