Излетале од патот Битола-Пелистер, тинејџер тешко повреден во сообраќајката

0
190

Осумнаесетгодишник е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера на патот Битола-Пелистер.

-Пред с.Магарево патничко моторно возило “опел вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Е.(18) од Битола, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Р.(18) од Битола, констатирани во Клиничката болница во Битола, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

 

 

МВР