Експлозија на лет од Крит: Патниците извикуваа „бомба, бомба, бегајте“

Вистинската драма се одвивала вчера на лет од грчкиот остров Крит, кога дошло до експлозија во авионот.

Според медиумите, електронска цигара експлодирала на летот на EasyJet од Ираклион до Лондон додека била во полначот.

Во авионот настанала паника откако одекнала експлозија и кабината почнала да се полни со чад.

Патниците изјавија за DailyMail дека се слушнала силна експлозија.

„Потоа видовме чад, нешто црвено светна, а потоа видовме пламен и многу чад“, велат патниците.

Еден од патниците на авионот слушнал само „Бомба, бомба, излегувајте брзо“, рече патникот и додаде дека жената која имала електронска цигара во џебот почнала да мавта кога чадот почнал да излегува од чантата.

и додаде дека жената која имала електронска цигара во џебот почнала да мавта кога чадот почнал да излегува од чантата.

EasyJet потврди дека авионот на летот EZY8216 од Ираклион до Лондон бил евакуиран бидејќи за време на качувањето избувнал пожар во торбата на еден од патниците.

„Пожарникарите влегоа во леталото, а персоналот ги евакуираше патниците според протоколот“, соопшти компанијата.

извор: ТВ 21