Грција се стреми, како што се приближува летниот период, така постепено да ги укинува рестриктивните мерки наметнати од пандемијата, а до Велигден, според најавите од министерот за здравство, се очекува да се олабават низа рестрикции, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во изминатите денови потенцираше дека намерата е чекор по чекор деескалација на мерките, а Владата има изготвено целокупен план што ѝ беше презентиран на надлежната комисија на епидемиолози, која излегува со препораки, по што и се носат политичките одлуки.