Часот на планетата Земја, најголемата светска еколошка акција

0
263

Од Сиднејската опера каде што Часот на планетата Земја започна во 2007 година, преку споменикот на Христос Спасителот во Бразил, Колосеумот во Италија и Емпајер Стејт Билдинг во Америка – повеќе атрактивни светски локации ќе потонат во симболичен едночасовен мрак испраќајќи порака за посигурна, позелена и почиста иднина за нас и за идните генерации.

„Часот на планетата Земја 2022 го повикува светот да се обедини во момент на солидарност за луѓето и планетата. Знаеме дека покрај многуте предизвици со кои се соочуваме, особено во овие невидени времиња, 2022 година останува да биде критична година за планетата, нашиот заеднички дом. Оваа година светот ќе се собере за да се направи нов климатски договор, и ова претставува можност еднаш во една деценија лидерите да се договорат за планот за враќање на загубата на природата до 2030 година и изградба на позитивна иднина за природата“, изјави Марко Ламбертини, генерален директор на Светскиот фонд за природа  WWF.

Часот на планетата Земја ќе се одржи во 20:30 часот по локално време, кога милиони луѓе ширум светот симболично во своите домови ќе го исклучат осветлувањето во период од еден час во момент на солидарност за луѓето и планетата Земја.

МИА