Акција за спасување Холанѓанец, се излизгал со џип на планина – бил извлечен жив и здрав

0
321

РЦУК Гостивар информира дека вчера се случила сообраќајна незгода на планината Бистра.

Имено, холандски државјанин со своето возило, џип, одејќи од Галичник кон Лазарополе се излизгал од патот.

За настанот биле известени од Националниот парк Маврово, Полициската станица Маврово кои се упатиле кон местото на настанот.

Тие го пронашле излизганото возило во планината, а странскиот државјанин е извлечен жив и здрав.

Истиот е префрлен во Маврово.

извор: РЦУК Гостивар