Пецаков: Нека верата во Бога нѐ исполни со надеж и позитивна мисла и нека биде наш мотив за поголемо човекољубие и меѓусебно помагање!

0
136

Во духот на најубавите христијански пораки за љубов и благосостојба, упатувам најискрени честитки по повод најголемиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ.
Посакувам овие празнични моменти да донесат многу здравје и радост во вашите семејства и да ги исполнат вашите домови со мир и разбирање, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

Нека верата во Бога нѐ исполни со надеж и позитивна мисла и нека биде наш мотив за поголемо човекољубие и меѓусебно помагање!
Да продолжиме да бидеме сплотени и заеднички да ја споделуваме божјата милост и поткрепа!
Бидете здрави, живи и бериќетни и имајте незаборавни празнувања!
Христос се роди!
Навистина се роди!
Нека е за многу години големиот празник!

извор: ФБ Кирил Пецаков