Прв академски час на факултетите на УКИМ, почнува студиската 2022/2023 година

На факултетите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска ќе бидат организирани први академски часови за симболично означување на почетокот на студиската 2022/2023 година и добредојде на новата генерација студенти. Првиот академски час на УКИМ беше одбележан во саботата на Машинскиот факултет и, по пауза од две години поради ковид-пандемијата, се одржа со физичко присуство. Бруцошите ги поздрави ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, со порака дека е чест, но и голема обврска да се студира на најстариот, најдобриот и најголемиот универзитет во нашата држава.

 

Радио Слободна Европа