ВРЕМЕПЛОВ- Настани на денешен ден, 28 ноември

1520 Португалскиот морепловец Фернандо Магелан, впловил во Тихиот Океан, минувајќи низ јужноамериканската теснина која денес го носи неговото име.

1821 Панама прогласи независност од Шпанија и ѝ се придружи на Колумбија.

1905 Во Даблин, ирскиот националист Артур Грифит ја основал партијата „Шин Фејн“.

1943 Во Техеран почна конференцијата меѓу претседателот на САД Франклин Рузвелт, британскиот премиер Винстон Черчил и претседатеклот на Советскиот Сојуз, Јосиф Сталин. На конференцијата е разгледано натамошното водење на војната со Германија, повоеното уредување на Европа и друго. Конференцијата заврши на 1 декември.

1981 Со голема свеченост е предаден во употреба Споменикот на слободата во Кочани, дело на Глигор Чемерски.

1995 Чешка стана 26-та членка на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој).

1997 Во Скопје свечено е отворена амбасадата на Австрија во Република Македонија.

 

 

Од Википедија — слободната енциклопедија