Заев: Еве ги плодовите од Преспа!

Еве ги плодовите од Преспа, ни носат радост на сите кои зборуваме македонски јазик, на сите Македонци – ова го истакна поранешниот претседател на Владата, Зоран Заев, на официјалната Фејсбук страница, за регистрираниот Центар за македонски јазик во Грција.

Им честитам на основачите на Центарот за македонски јазик во Грција и на сите граѓани на Македонија и Грција кои се радуваат на овој убав чин кој е особено важен како уште една потврда за блиските релации меѓу двете земји. Им благодарам и на поранешниот и на сегашниот премиер, Ципрас и Мицотакис, за вербата и посветеноста во градењето искрено пријателство и добрососедство – напиша Заев.

извор: ФБ Зоран Заев