(ВИДЕО) Протест на независниот синдикат на полицијата во Кочани, во знак на поддршка на четворица суспендирани колеги

Со протестен марш до полициската станица во Кочани, членови на Независниот синдикат на полицијата денеска им дадоа поддршка на четворица суспендирани полицајци од ОВР Кочани.

„Малку ли налози напишавме годинава“, „Преземи мерки виновен- не преземи мерки пак виновен“ ова се дел од пораките испишани на транспараенти, а упатени до Министерот за внатрешни работи и раководната структура на ОВР-Кочани.

Едни на протест, а други во полицискиот кордон и ова се случи пред полициската станица во Кочани.

Независниот синдикат на полицијата побара да се преиспитаат случаите на нивните суспендирани колеги.

Според првичните информации полицајците се суспендирани при радар контрола, возачот го казниле за брзо возење, но не забележале дека возилото е со помината регистристација.

Денеска од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, во чиј состав е и Независниот синдикат на полицијата, повикаа да прекинат неоснованите суспендирања од работа, како што се во Кочани, Битола, Тетово и други градови.

Од СВР Штип информираат дека полицајците се отстранети согласно Колективниот договор и поднесена е и кривична пријава до Основното јавно обвинителство за Гонење на организиран криминал и корупција.

видео: Радио Кочани