Маја Јанеска на интернет „вредела“ повеќе цела македонска интернет сцена

Маја Јанеска или како што се потпишувала на интернет Маја Миа сама имала поголема интернет публика од сите медиуми и јавни личности од Македонија заедно, а познавачите на приликите во интернет бизнисот ќе констатираат дека таа сама најверојатно заработувала од интернет повеќе од цела македонска јавна сцена заедно.

ЈУТУБ КАНАЛ СО НАД 1.000.000 СЛЕДБЕНИЦИ

Маја имаше свој Јутуб канал со над 1 милион и 70 илјади „субскрајбери“. Колку за споредба најгледаната телевизија во државава Сител има 65,000 „субскрајбери“, додека познатиот македонски Јутубер „Лазаров“ има нешто над 70.0000 субскрајбери.

Некои од видеата на Маја на Јутуб се гледани и по 16 милиони пати, што значи дека таа заработувала само од Јутуб стотици илјади долари годишно.

НАД 1.200,000 СЛЕДБЕНИЦИ НА ИНСТАГРАМ

Дека Маја сама била поголема од инстаграм сцената на Македонија говори и фактот дека на оваа мрежа неа ја следеле над 1 милион и 200,000 луѓе или грубо пресметано таа сама имала повеќе следбеници од сите наши јавни личности и т.н. „инфлуенсери“ заедно, што пак значи дека веројатно и нејзините заработки биле толку големи или грубо пресметано, се доаѓа до заклучок дека таа сама заработувала повеќе од целиот обрт во маркетингот кој се остварува на Инстаграм во Македонија.

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ АЛЕРГИЧНИ НА УСПЕХ

Дел од јавноста во Макеоднија, ( со посебен акцент на јавноста во родниот град на Маја, Охрид ) и во оваа прилика покажаа колку се прости, истурајќи лавина злобни коментари по социјалните мрежи, коментирајќи ја Маја и изнесувајќи сосптвени видувања за неа. Очигледно е дека во Македонија ( посебно во Охрид ) населението кое не се иселило од земјата, заглавило во некоја фаза на трулење на духот и умот , а малограѓанштината и примитивизмот останале примарен „лајф стајл“.

А ШТО ЗБОРУВАЛА МАЈА ЗА ОХРИД ?!

Во своето обраќање пред студентите само неколку дена пред смртта таа опиша како со 19 години се сели во Танзанија, каде добила понуда да робота во хотел. Таму го научила јазикот и започнала кариер како шминкерка и стилистка. Таа преку Инстаграм постојано и се обраќаше на публиката, со инспиративни пораки и бодрејќи ги да не се откажуваат од своите соништа.

„На ова место започна мојата приказна. Мала девојка со големи соништа.. во ова место сум родена, тука пораснав и тука ме учеа да бидам скромна. Мојот татко секогаш ми велеше: ‘Маја, никогаш не заборавај од каде доаѓаш, каде и да одиш што и да правиш, запомни само дека секогаш можеш да се вратиш дома’. Овој град беше мал за моите големи соништа, но совршено се вклопува во моето срце“.