Светлана Цеца Ражнатовиќ, Лепа Брена и Драгана Мирковиќ со децении ја носат титулата најголеми балкански ѕвезди, а дека заслужено ја зазедоа таа позиција потврди и познатиот сајт „Celebrity networth“, откривајќи дека овие три пејачки се „тешки“ заедно дури 196 милиони долари.
Богатството на Брена се проценува на 16 милиони долари. Пејачката има продадено повеќе од 40 милиони плочи. Првиот албум „Чачак, Чачак“ го издаде во 1982 година, а до 2018 година издаде 18 студиски албуми, со бројни компилации и неколку филмови.
Таа ја продаде и деловната империја „Гранд продукција“, која ја изгради со нејзиниот долгогодишен пријател Саша Поповиќ. Парите ги вложува паметно, а поседува и неколку имоти.
Лепа Брена, која неодамна беше фотографирана како доаѓа на пазарот во „Мајбах“, има вила на Бежанијска коса вредна 1,8 милиони евра, но и многу други луксузни имоти, меѓу кои куќа во Мајами, стан во Монте Карло и јахта на 6 милиони евра.
Сепак, според зборовите на овој сајт Цеца е во водство, па нејзиното богатство се проценува на вртоглави 80 милиони долари.
Цеца, која неодамна искеширала 1.000 евра од ноќ во хотел, секако е најпопуларната и една од најплатените балкански пејачки.
Во својата повеќедецениска кариера има издадено 15 студиски албуми и одржал голем број концерти, додека оној на Ушќе, кој се одржа во 2013 година, се најде на деветтото место на светската ранг листа на најпосетувани концерти.
Сепак, првото место го зазеде Драгана Мирковиќ, која е позната како најбогатата пејачка во регионот.
Како што изјавија, таа убедливо доминира, а нејзината империја се проценува на цели 100 милиони долари.
alo.rs