Вработените во повеќе сектори во Велика Британија продолжуваат со масовните бранови на протести против влошувањето на кризата со трошоците за живот, но најмногу се стравува од претстојните работнички протести на медицинските сестри фрлајќи внимание на здравствениот систем на земјата.
Се очекува досега најмасовниот штрајк во историјата на Националниот здравствен систем, со протести на медицинските сестри на 15 и 20 декември поради незадоволство од власта за платите, објави macedonian.trtbalkan.com.
Кралскиот колеџ на медицински сестри, кој е меѓу најголемите синдикати од ваков вид во светот, посочи дека немаат друг избор освен да излезат да штрајкуваат откако Владата посочи дека нивното барање за зголемување на платата од 19% не може да си дозволи.
Протестите низ Англија, Велс и Северна Ирска се закажани по неуспешните преговори помеѓу синдикатот и министерството за здравство.
Околу 100.000 медицински сестри ќе учествуваат во штрајкот, додека пак итните служби ќе продолжат да работат.
Повеќе од 10.000 вработени во брзата помош во Англија и Велс ќе бидат дел од штрајкот по четири ден пред божиќните празници.
Штрајковите се предизвикани од кризата која ги влоши условите за живот и растечката инфлација, но и се последици на децениската ерозија на платите и влошувањето на економија, како и зголемениот обем на работа предизвикан делумно од Брегзит и пандемијата со коронавирусот.
Текстот во целост на: macedonian.trtbalkan.com.