(ВИДЕО) Македонец го однесол Мароко на “Светско” во Мексико уште во 1970

Фудбалската репрезентација од Мароко за прв пат била на светско првенство во 1970 год во Мексико. До светското првенство репрезентавијата стигнала благодарение на тренерот Македонец Благоје Видиниќ.

Инаку Благоја Видиниќ е роден во Скопје, тој играл за екипите на ФК Вардар, ФК Раднички Белград и ОФК Белград во Југославија, потоа во ФК Сион од Швајцарија. Во 1967 се преселил во САД и играл за тимот на Лос Анџелес Торос во Западноамериканската фудбалска лига, настапувајќи 20 пати таа сезона. Сезоната 1968 ја започнал во новоформираниот клуб наследник Сан Диего Торос, пред да се префрли во Ст. Луис Старс.

Тој ја претставувал Југославија како голман на Летните олимписки игри во 1956 и 1960 година, освојувајќи го сребрениот медал на првото и златниот медал на второто учество. Тој исто така настапувал и на европското првенство во 1960 година кога Југославија завршила на второто место.

По повлекувањето од фудбалот, Видиниќ станал тренер и предводел две африкански репрезентации на Светското првенство во фудбал: Мароко во 1970 и Заир во 1974.

извор: YOUTUBE Milenko Nedelkovski