(ВИДЕО) Во хотел во Берлин експлоирал голем аквариум

Огромен аквариум висок 16 метри наводно експлодирал во петокот наутро во хотел во Берлин.

Итната помош добила повик околу 6 часот. Голем сад пукнал, а целата вода од аквариумот во кој имало 1.500 риби се излеала од хотелот на улица, пренесува Билд.

Германските медиуми јавија дека две лица се повредени.

На Твитер се појави видео од инцидентот, наводно објавено од гостин на хотелот.

На видеото се гледа хаосот кој настанал по пукањето на аквариумот – фоајето на хотелот е во урнатини, а водата истекува на подот.

 

makfax.mk