Во Велес загина 11-годишно девојче, а нејзината мајка се здоби со тешки повреди, откако автомобил удри во нив, по возачот се трага

0
203

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес ноќеска извршил увид на местото на сообраќајна несреќа на улицата „Борис Трајковски“ во Велес. Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил кој се движел со голема брзина, на пешачки премин удрил во две лица – мајка и ќерка кои се наоѓале на крајот од преминот за да се качат на тротоар.

Од ударот, мајката паднала на земја и се здобила со тешка телесна повреда, додека девојчето на возраст од 11 години било исфрлено значително нанапред, во близина на следниот пешачки премин кај училиштето „Васил Главинов“ и од здобиените повреди починало. Возачот кој што ја предизвикал сообраќајната несреќа воопшто не запрел, туку со голема брзина го напуштил местото на настанот. Дежурниот јавен обвинител и полициски службеници од СВР Велес извршија увид на местото, подигнаа траги и разговараа со очевидци на настанот, а веднаш е издадена и наредба за обдукција на телото на починатото девојче. По добиени сознанија за возилото и возачот – причинител на сообраќајната несреќа, СВР Велес по насоки на јавниот обвинител презема мерки за негово пронаоѓање – стои во соопштението на Обвинителството.

извор: Обвинителство