Се урнал мост на реката Радика поради зголемено ниво на водата

0
170

Мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште во општина Маврово и Ростуше е урнат.

Од АМСМ информираат дека уривањето на мостот се случило вчера поради зголемено ниво на вода на реката Радика.

Во четвртокот беше објавено дека поради обилните и интензивни врнежи од дожд во поширокиот дебарски регион видно е зголемен водостојот на река Радика и нејзините притоки.