На меѓународниот аеродром Кефлавик, недалеку од Рејкјавик, речиси сите летови се укинати, објави радио станицата RUV.
Денешниот распоред на летови покажува дека сите летови од и кон Европа и Северна Америка се одложени, но некои вечерни летови се уште се закажани бидејќи, според прогнозата, времето треба да се подобри.
Авиокомпанијата Icelandair ги одложи сите утрински летови до и од Кефлавик поради лошите временски услови.
Во моментов околу 200 блокирани патници го следат развојот на состојбата на аеродромот.
vesnik.com