Најдобриот српски тенисер пристигна во Париз, каде следната недела ќе ја започне одбраната на титулата на Мастерсот, но уште еднаш покажа каков човек е. Имено, Новак Ѓоковиќ е вистински пример што треба да го следат многумина.
На Ноле не му е ново да трча во парк кога оди на турнир. Сосема е нормално да го сретнете како џогира, но вниманието на случајните минувачи го привлече гестот кој тој го направи.
Имено, Ноле забележал како една госпоѓа се мачи да носи куфер и веднаш притрчал да помогне. Тој и донел куфер, а еден од случајните минувачи ја снимил ситуацијата и, се разбира, веднаш го објавил на Интернет.
C’est un geste très classe de sa part et prouve qu’importe qui tu es et combien tu touches dans la vie il faut savoir rester humble#NovakDjokovic https://t.co/3bD60L04U1 pic.twitter.com/NhBUWFu4c8
— jolebowski (@iamjomoreira) October 30, 2022
Низа позитивни коментари се најде под објавата затоа што никој не очекуваше еден од најдобрите спортисти на денешницата во оваа улога.
видео: TWITTER