Голем дел од САД е зафатен од многу студена воздушна маса од Арктикот, а поради ветерот и снежната бура на аеродромите ширум земјата откажани се повеќе од 4.500 летови.
Spectacular Sea Smoke on Lake Superior as the last Saltie of the season arrives at the #Port on a rather #cold Winter Solstice.
VC:Duluth Harbour Cam#Snow #WinterStorm #WinterSolstice #Storm #Elliott #blizzardwarning #MIwx #USA pic.twitter.com/eYNdeuUa3S
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) December 23, 2022
Во поголем од дел од земјата е издаден црвен метеоаларм, а се очекува снегот во текот на претстојниот викенд да предизвика големи проблеми во сообраќајот, пренесува „Reuters“.
Американската автомобилска асоцијација проценува дека 112,7 милиони луѓе планирале да патуваат во текот на празниците во периодот од 23-ти декември до 2-ри јануари.
Се очекува претстојната бура да донесе снег во регионот на Големите езера, силни дождови проследени со нагло паѓање на температурата на источниот брег, удари на ветер од 100 километри на час и многу студено време се до југот и мексиканската граница.
Постои можност бурата да се претвори во феномен кој метеоролозите го нарекуваат „бомбашки циклон“ – бура која за кратко време ќе стане силна, соопштила Националната метеоролошка служба.
Циклонот и можел да предизвика силни врнежи и ветрови, како и да создаде речиси нулта видливост на патиштата, соопштила метеоролошката служба.
Излегувањето во такви услови без соодветна заштита може да предизвика смрзнатини во рок од неколку минути, пишува „HBC“.
Како што соопштиле, можни се прекини на струја, како последици од силните ветрови, снег во комбинација со поголема потрошувачка на енергија.
извор: „Reuters“