Термоелектраната Осломеј доцна синоша беше исклучена од производство поради проблем со еден од вентилаторите во делот на отпепелувањето, што доведе до самозапалување на помала количина несогорен јаглен и пепел. Настанатиот пожар од помали размери надвор од термоелектраната, е локализиран со сопствени ресурси, додека од превентивни причини е повикана противпожарната служба, согласно процедурите за запостапување.
-Веднаш ќе се пристапи кон санирање во делот на вентилацијата на отпепелувањето и се очекува електраната да биде вратена на мрежа во најбрзо време и да работи според планот за производство, за што е обезбедена доволна количина набавен јаглен и јаглен од сопствен ископ на РЕК Осломеј.
Застојот нема да предизвика недостаток на електрична енергија во системот, односно конзумот ќе биде задоволен преку другите производни капацитети, стои во соопштението на ЕСМ.
nezavisen.mk